Премиерот Христијан Мицкоски денес оствари средба со амбасадорот на Австралија, Даниел Емри.
-На средбата разменивме мислења за тековните политички и економски прашања, како и за можностите за зајакнување на билатералната соработка помеѓу нашите две земји. Австралија е важен партнер и пријател и нејзината поддршка е од големо значење за нашиот развој, истакна Мицкоски.
Премиерот посочи дека на средбата се обврзале за натамошно зајакнување на односите и интензивирање на меѓусебната соработка.