И оваа година Владата на СДСМ и премиерот Ковачевски ја слават независноста на Република Македонија без воопшто да го споменат името на државата, анализира скопски Курир.
Петта година по ред во ниту еден од слоганите на владата на СДСМ за чествување на државниот празник 8 Септември не стои името на државата, Република Македонија.
Уште во 2019 та година тогашниот премиер на владата и претседател на СДСМ, Зоран Заев го одбележа роденденот на татковината со слоганот ,,Боите на татковината”. Додека само една година подоцна или во 2020 година, слоганот на прославата за независноста на Република Македоника го насловија ,,Ја славиме независноста на Северна Македонија.
Во 2021 година година кога се одбележуваше 30 години од независност на Македонија, Владата на СДСМ дизјанираше лого ,,МК30 Северна Македонија”, а како што тогаш соопштија од владината прес служба, за називот на логото биле инспирирани од македонската државност, од денот кога граѓаните одлучија да имаат независна држава Република Македонија, и од се она кое што денеска Република … Македонија го носи во себе како демократска држава.
Иако во 2022 година, граѓаните очекуваа промена во делот на прославување и одбележување на 8 Септември со премиерот Димитар Ковачевски, воопшто немаше промена на подобро, додава Курир.
Логото со кое се прославуваше денот на независноста во 2022 година беше насловено ,,Обединети во слободата”, повторно изостана името на државата Република Македонија. Но, иако беше помпезно најавено дека денот ќе биде одбележан со свечени и културни активности во целата држава, на плоштадите ширум државата воопшто немаше народ, освен во Скопје каде што само неколку министри во владата на СДСМ и ДУИ беа присутни да го слушнат говорот на премиерот Ковачевски.
Денеска, 8 септември 2023 година логото со кое го слави Владата на СДСМ и премиерот Ковачевски, денот на независноста на Република Македонија, е речиси идентично со логото во 2022 година кое беше насловено ,,Обединети во слободата”, ,,Гласник на слободата. И денеска повторно Владата и Ковачевски изостануваат да го изговорат или напишат името на државата, Република Македонија.
Петта година по ред во речиси сите честитки или обраќања, соопштенија на СДСМ и премиерот Ковачевски изостанува да се спомене само Македонија, македонскиот народ, македонската историја, македонскиот јазик, Македонци или македонско.
И ова не е само за денот на независноста 8 Септември. Ковачевски и СДСМ слично постапуваат и кога се прославува 2 Август, Илинден, кога во нивните говори изостанува да се спомене името на државата и историските личности од тој период.
Но, како и да е, дали му се допаѓало на Ковачевски и СДСМ, или пак дали се срамат од независноста на Македонија, денеска 8 Септември македонскиот народ го прославува 32 роденден на Република Македонија, бидејќи во 1991 година 95 проценти од граѓаните кои излегле на гласање преку референдум се изјасниле дека сакаат да живеат во суверена, независна и самостојна Македонија, пишува порталот.