Македонскиот национален тим во е-спорт категоријата Кантер Страјк (Counter Strike – Global Offensive) се враќа дома со титулата шампион на Европа.
Трета година по ред нашите најдобри кантерџии играат во финалето на Европското првенство, а годинава го одбранија тронот во Европа. Пред две години освоија сребро, лани злато, а оваа година со триумф од 2:1 во сетови ја поразија Украина.
Мечот започна со извонредна игра на украинскиот тим и убедлива победа во првиот сет од 16:5 во рунди. Со идентична разлика во вториот сет македонскиот тим го изедначи резултатот, а натпреварот кулминираше во последните рунди од третиот сет кој заврши со тесна разлика од 16:13 за Македонија.
По триумфот на Европското првенство, македонскиот национален тим ќе учествува на Светското првенство кое ќе се одржи во Бали, Индонезија.
Снимката од целиот финален натпревар со коментари на македонски јазик можете да ја погледнете на овој ЛИНК.