Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа убедлива победа од 33-28 над Белгија и на тој начин речиси сигурно ќе го освои третото место во квалификациската група и ќе се надева на пласман на Европското првенство.
Марија Јанкуловска со осум гола беше најефикасна во нашите редови, додека Младеновска, Кипријановска и Стефаноска постигнаа по шест погодоци.
Во борбата за пласман на Европското првенство како една од најдобрите четири третопласирани селекции ќе се бројат само резултатите против репрезентациите кои завршиле на првото и второто место, па затоа многу значајни ќе бидат дуелите против Германија и Словенија следниот месец.
Да се обидеме да дојдеме до бод)ови) или да загубиме со што е можно помала гол-разлика и да се надеваме дека ќе се поклопат и резултатите од другите групи.




