Македонија е на врвот од земјите во регионот според стапката на инфлација, а меѓу последните по проекциите за економски раст од Светска банка, објавува ТВ АЛФА.

Откако настапи економската и енергетската криза, Македонија речиси цело време го држи врвот по стапка на инфлација .  Статистика измери дека во мај има пад , но сеуште е двоцифрена на ниво од 11,3 % што е на врвот споредено со земјите од регионот кои досега ги имаат објавено податоците. Во мај пониска инфлација имаат Словенија, Хрватска, Албанија , а најниска стапка е измерена во Грција од 2,8 отсто. Дел од земјите сеуште не ги имаат објавено податоците, но ако го погледнеме движењето во април , полоши од нас се само во Србија, а најниска инфлација во април имало во Косово и во Грција.

Властите се обидуваа да ја зауздаат инфлацијата цело време со мерки одмрзни – замрзни. Пред нецел месец одлучија дека сега било времето да престанат да важат смрзнатите цени и да се ослободи пазарот, ама ако било потребно во иднина повторно ќе реагирале .

Од друга страна продолжуваат песимистички прогнози на меѓународните финансиски институции за напредокот на македонската економија. Светска Банка проектира раст од 2,4 % , ова е намалување на проекцијата во однос на јуни лани кога беше 3,1 % па имаше уште едно намалување 2,7 % по што на стартот на годината во јануари прогнозираа раст од 2,4 % што е еднакво на сегашната проекција.   Најоптимистички се проекциите за Косово и Црна Гора .  Најниски се проецкиите за Бугарија

Економски раст 2023

Косово 3,7%

Црна Гора 3,4%

Албанија 2,8%

Босна и Херцеговина 2,5%

Србија 2,3%,

Хрварска 1,9%

Бугарија 1,5%

Извор : Светска банка

Проекциите на  Народната банка на Македонија  се попемистички и се движат на ниво од 2,1 % .