Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Прилеп – Градско преку планинскиот премин Плетвар.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ соопшти дека забраната е укината во 08:15 часот.
На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, на места со остатоци од кашест снег.