Поради магла намалена видливост има на неколку планински превои низ државата, информира јавното претпријатие „Македонија пат“.
На патниот правец Тетово-Попова Шапка видливоста е од 30 до 50 метри, на Страцин од 100 до 150 метри, на планинскиот превој Стража од 100 до 150 метри и на планинскиот превој Плетвар до 50 метри.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози, а на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните служби на „Македонија пат“.