Македонија протера уште еден руски дипломат од земјава.
Според информациите на ТВ 24 се работи за воено аташе.
Од македонското Министерство за надворешни не ја негираат веста и велат дека ги преземаат сите мерки согласно виенската конвенција за дипломатски односи со цел да се заштити националната безбедноста на РСМ, како и соодветно да ја заштити улогата и одговорноста на земјава како членка на НАТО, велат за ТВ24 од МНР.