Среќата не им беше наклонета на македонските ракометари на денешната ждрепка за баражот за СП 2021, во кој „црвено-жолтите“ за ривал го добија повеќекратниот европски и светски првак Франција.
Македонија се најде во групата на неносители, очекувано беше да се добие незгоден ривал, но во таборот на нашиот национален тим владееше надеж дека ќе налетаме на Чешка, Австрија или Исланд, како ривали со кои можеме да се надигруваме и да ги совладаме.
Првите натпревари ќе се играат во периодот 5-7 јуни, а реваншите се закажани за седум дена подоцна.