Второ тримесечие 2021
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4.0 % и изнесува 4 604 живородени деца.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2021 година бележи зголемување од 40.2 % во споредба со истото тримесечје од 2020 година и изнесува 7 496 лица, а од нив 13 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -2 892, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 140.8 % во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 2 769 бракови.
Во ова тримесечје се добиени 501 извештај за разведените бракови.
Второ тримесечие 2020
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5 % и изнесува 4 596 живородени деца.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2020 година бележи зголемување од 3.0 % во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5 064 лицa, а од нив умрени доенчиња се 51.
Природниот прираст изнесува -468, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Второ тримесечие 2019
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 66.5 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 1 147 бракови.
Во ова тримесечје е добиен 181 извештај за разведeни бракови.
Бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 10.6 % и изнесува 4 693 живородени деца.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2019 година бележи зголемување од 7.3 % во споредба со истото тримесечје од 2018 година и изнесува 4 928 лицa, а од нив 21 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува – 235, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 4.8 % во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 3 247 бракови.
Во ова тримесечје се добиени 439 извештаи за разведени бракови.