Иако сите очекувавме победа, Македонија успеа да извлече бод во натпреварот со Грузија во Скопје.
Мечот заврши нерешено 1:1. Македонија од 67 минута играше со играч помалку откако беше исклучен Димитриевски.
Грузија постигна гол во 74 минута преку Кваратчелија и се чинеше дека со тоа судбината на нашата репрезентација во овој натпревар е завршена.
Сепак, во третата минута од продолжението судијата досуди пенал за нас, а Алиоски постигна гол за конечни 1:1.
Во три дена ова е втор нерешен натревар на нашата репрезентација, откако претходно со Естонија одигравме 3:3.
Со Грузија ќе се сретнеме уште еднаш – на 12 ноември на нивен терен – а победникот ќе биде учесник на ЕП.