Вчерашната најава од премиерот Зоран Заев во Прилеп за „увоз“ на работа сила од странство, предизвика истовремено и револт и потсмев кај граѓаните на Република Македонија.
На социјалните мрежи, граѓаните револтирано реагираат како е можно да се размислува на странска работна сила во Македонија, која се судира со проблем на невработеност и која ја напуштаат голем број граѓани, токму поради овој проблем.
Дел од граѓаните со иронија гледаат на ваквата најава и ја исмеваат со статуси на социјалните мрежи, како што е овој кој го објавуваме.
Заев, да потсетиме, вчера изјави:
– Мобилност на квалификуваната работна сила значи дел од квалификуваната работна сила од соседството овде да најде работа, тоа е дел од европската економска агенда за регионот, а тие дебати се отворени во Владата, изјави премиерот Зоран Заев при посетата на Пелагонискиот регион.