Македонската фудбалска репрезентација во рамките на квалификациите за Светското првенство наредната година во мечот против Лихтенштајн поведува со 3-0.

Акцијата се одвиваше по десната напаѓачка страна, Чурлинов кратко го проигра Илиевски, а овој ја испрати топката на пеналтикот. Таму ја дочека Енис Барди и без размислување од прва шутна и погоди за 2-0.

Потоа веќе во 56. минута на 3-0 зголеми Дарко Чурлинов откако доби асистенција од Барди, беше осамен на десната страна и погоди во малата мрежа.