Жена од Македонија починала на плажа во местото Метармофози во општина Ситонија на Халкидики, објавува „Халикидики њуз“.
Жената била на возраст од 77 години, а засега не е објавена причината за смртта.
И покрај напорите на службите за итни случаи, жената починала откако била пренесена во здравствениот центар во Агиос Николаос, објавува порталот.
Телото ќе биде испратено на обдукција, за да се утврдат причините за смртта.
Фото: Архива