Барселона го освои Купот на Шпанија, a најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова асистираше за победничкиот погодок на каталонскиот тим.
Андонова во последната минута од продолженијата или поточно во 122 минута успеа да асистира до Мариона Калдентеј, која го постигна единствениот гол на натпреварот.
Во финалето на Купот на Шпанија, Барселона го совлада Атлетико Мадрид со 1:0.
Ова е прв трофеј за најдобрата македонска фудбалерка откако од ПСЖ премина во Барселона.