Македонката од Австралија, Маргарита Томовска, позната во австралиската јавност како Мерцедес Maма, откако учествуваше во полициска потера со нејзиното бебе на задното седиште, ги збуни своите фанови на Инстаграм кога откри дека е невработена, пренесува англиски “Сан“.
Следбениците се збунети од тоа што Томовска речиси секојдневно објавува фотографии на социјалните мрежи, покажувајќи го нејзиниот луксузен живот и се фали со скапи автомобили и дизајнерска облека.
Кога ја прашале како може да си дозволи таков живот ако не заработува, им го покажала банкарскиот извод на кој има околу 600.000 долари.
Таа призна дека трошела само за облека околу 5 000 долари неделно и ја финансира нејзиното момче, но истакна дека тој не бил нејзиниот ,,сладок дедо” како што мислат сите.
„Немам потреба да работам“, рече таа.
Дечкото, како што вели, е помлад од неа, но не сака да го открие неговиот идентитет за да не и го грабнат други девојки.
“Девојките се змии и ќе се обидат да бидат со него само за да го имаат мојот живот. Ова ми се случило трипати”, признава таа за британскиот таблоид.
Инаку, Маргарита Томовска помина четири месеци во за твор бидејќи во ноември пред две години, 28-годишната Маргарита Томовска која на социјалните мрежи е позната како Мерцедес мама се возеше со својот луксузен Мерцедес Е 63 С со неколку пати поголема брзина од дозволеното и притоа не сакаше да застане и им избега на сообраќајците.
Според обвинението таа на моменти возела и преку 230 километри на час, а полицајаците останал во неверување кога виделе дека во автомобилот не е сама – со неа било и нејзиното тригодишно дете и тоа не врзано!