Фестивалот „Скопско лето“ вчеравечер во Македонската филхармонија се отвори по 46-ти пат.

На сцената настапија Академскиот оркестар „Панчо Владигеров“ од Националната музичка академија – Софија, како и млади диригенти и музички уметници од Македонија и Бугарија.

Скопско лето 2025

Диригенти: Ана Спасовска и Николаи Хилендаров

Солисти: Јана Каевска – флејта, Марија Магдалена Желјазгова – флејта, Санја Јович Джорджевич – виолина, Тодор Иванов – виолончело, Искра Атанасова – Митуш – пијано и Николај Маринов – пијано.