Членот на Кукс од Албанија, Агим Ибраими и фудбалерот на романски Ботошани, Стефан Ашковски, се повикани во А репрезентацијата на Македонија за квалификациските натпревари за Светското првенство против Романија, Лихтенштајн и Германија.
Селекторот Игор Ангеловски се одлучи на ваков чекор поради зголемениот број повредени, како и репрезентативци со позитивен тест на коронавирус.
Иван Тричковски поради повреда отпаѓа за овој собир, а поради позитивни тестови нема да бидат во тимот ниту Ѓоко Зајков и Тихомир Костадинов.
Македонската репрезентација Мундијалските квалификации ќе ги почне на 25 март со гостувањето во Романија, три дена подоцна се среќава со Лихтенштајн, а на 31 март ќе се соочи со германскиот национален тим.