Повреден е 55-годишен рудар во рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска Каменица.
Портапролот на СВР Штип Гордана Панајотова го потврди настанот и вели дека несреќата се случила во 6:30 часот во рударска јама, при што рударот бил притиснат на градниот кош од рударска машина.
Веднаш на самото место е пристигната Итната медицинска помош од Македонска Каменица, по што рударот е хоспитализиран прво во Кочанската болница, а потоа во Штипската клиничка болница. Се уште траат прегледите на рударот по што ќе се утврди тежината на неговите повреди.
За настанот известен е јавен обвинител од Делчево и државен трудов инспектор кои треба да извршат увид на местото на настанот во рудникот „Саса“ во Македонска Каменица. Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.