Се уште е надвор од контрола пожарот што беснее на отворен простор во село Саса. Поради силниот и постојан ветар, како што информира командирот на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица Малин Трајчевски постои можност да се прошири во атарот на маало Траканица и Аџиите.
– Екипите на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица и регионот, екипи на „Национални шуми“ и Шумска полиција, кои од рано изутрина се на терен, се уште тешко се справуваат со пожарот кој избувна во село Саса. Во текот на денот гореше нискостеблеста борова шума од бор и папрат, а потоа од пожарот беше зафатена борова шума, информира Трајчевски.
Додаде дека човечкиот фактор вклучен во гаснењето на пожарот не е доволен и потребна е итна интервенција од авионско гаснење.
Во текот на денот, итен состанок одржа Координативниот штаб за справување со кризи во Македонска Каменица. Пожарот е вкупно 23 по ред активен пожар кој во текот на 2019 година е регистриран на територијата на општина Македонска Каменица.