Четириесет и седумгодишен жител на селото Тодоровци починал откако тракторот што го возел, се превртел.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека сообраќајката се случила на местото викано Памарска маала, а иницијалите на починатиот се Ќ.Р.
Случајот е пријавен вчера во 14:30 часот во Македонска Каменица.
Извршен е увид од екипа од полициската станица во Македонска Каменица.