Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев се запиша во историјата на италијанската Серија А со постигнати 100 голови.

Во текот на својата кариера настапувајќи во италијанското првенство, Пандев голови покрај за Џенова постигнуваше и за Наполи, Интер, Лацио и Анкона.

Македонецот синоќа на дуелот со Беневенто кој заврши 2:2, ги постигна двата гола за Џенова. Со овие  два погодока, Горан Пандев стигна до вкупно шест во тековната сезона.

Џенова по 32 кола има 33 бода и е на 14. место.