Охриѓани се уште се сеќаваат на незаборавните исполненија на групата „Билјана“, предводена од Кузман Поп Стефанија.
Оваа група ја продолжуваше музучката староградска традиција на славните „Охридски трубадури“ на Климе Садило и Наум Курте, автори и на поголем број познати охридски песни. Групата „Билјана“ формирана во далечната 1957 година од врвни музичари од Охрид долги години опстојуваше на македонската музичка сцена со ориогиналниот начин на музицирање.
Во Охрид настапуваше во сите угостителско-туристички објекти, но најдолго во хотелот „Бисер“ во калишта кај Струга. Исто така има настапувано во многу градови во Македонија како и во многу земји низ целиот свет, особено меѓу македопнските иселеници во прекуокеанските земји.
Раководителот на Групата Кузман Поп Стефанија потекнуваше од позната музичка фамилија. Татко му Прокопи знаел многу песни, а четириесетина од нив се застапени во збирката Охридско-преспанска лира на Ѓорѓи Киселинов објавена во Битола во 1926 година.
Вујна му Викторија Поп Стефанија исто така е позната интерпретаторика на макеоднски народни песнј од која песни бележеле многу истртажувачи на македонскиот фолклор, домашни и странски. Во своите записи од пред Втората светска војна ја споменуваат сестрите Јанковиќ, Лудвик Куба и др.
Покрај Кузман Поп Стефанија кој свиреше хармоника, во оваа група настапуваа уште и: Душко Мареновски, кларинет (грнета), Никола Георгиевски, гитара, Адем Бајрам виолина (ќемане), Ташко Петрески (Шуле) бас гитара, Јосиф Миленкоски, Сотир Ѕингл, Томчо Лукан, тапан, Трајче Ристески,
Членовите на ансамблот „Билјана“ не беа професионални музичари. Сите има други занимања, ги обединуваше љубовта кон музиката. Иако не беа професионални музичари беа врвни музичари. Музиката и песната излегуваше од дното на душата. Затоа беше толку прифатлива за сите слушатели.
Таа песна слушателите ги враќаше во минатите векови, им ги креваше емоциите. Песните за Билјана што белела платно, за Деспина, за Антица, за Зарина, за Фанче во Калишта, песната 1762 лето, револуционерните песни за Христо Узунов, за Рашанец, за Ставре од Вевчани и др. во нивна интерпретација се незаборавни.
Антице…
Антице, џанам, Антице,
што пусти к’смет си имала,
на твојата убавина,
и на твојата личнотија.
Жалосно, ти ќе ми умреш,
никојпат не ќе се стопиш.
Сестра ти мала се омажи,
а ти поголема несвршена.
не жалај, моме, не плачќи,
не расипи си ги очите,
да знаеш, моме, да вервиш,
каква е жалба за мнладос.
Стројникот кога го пратија,
прво тебе ми те поосака.
на душа ми те зедоа,
мајка ти та и татко тѕи,
на стројникот што му рекоја:
„Антица ни е свршена.
Антица ни е свршена,
за Димитрфија Робета.
Ако ја сакаш малата,
малата кира Василија.
Бог да бијат…
Бог да бијат Поликсени,
Бог да бијат твојта мајка,
твојта мајка, Поликсени,
твоја мајка, Анастазија.
Што те даде Поликсени,
што те даде на далеку,
надалеку дур во Струга.
Дур на Струга Поликсени,
дур на Струга у Дудула,
у Дудула Поликсени,
у Дудула за Јосифа,
за Јосифа Поликсени,
за Јосифа, пијаницата.
Што се чуло…
Што се чуло, нане,
што се чуло и разбрало,
ќе ме грабит, нане,
тој Никола,
тој Никола од Зарчета.
Ај да ојме нане,
ај да ојме кај вујко ми,
кај вујко ми, Костакија.
Белким таму, нане,
белким таму не ќе дојдет.
Уште зборот, нане,
ушче зборот недоречен,
ко ќе видиш, нане,
шо ќе видиш,
во дворови, нане,
све Дебрани и Мокрани.
-Подај ми го, сестро,
подај ми го шемшенето,
ти ќе полниш, сестро,
јас ќе фрлам.
Прва пушка, нане,
прва пушка што ми пукна,
ми го удри, нане,
ми го удри во бутои.
Чун го чекат, нане,
чун го чекат кај Грдана.
Го однесоја, нане,
го однесоја во Поградец.
Охрид, Охрид…
Охрид, Охрид убав мил,
ти за мене рај си бил,
јас ќе одам на далеку,
не знам дали ќе се вратам пак.
Езерото ми е убаво,
јас со солзи го оставив,
со кајчето од Висера
во Албанија се најдов јас.
Збогум мајко, збогум веч,
јас ќе одам далеку,
јас ќе одам далеку,
не знам дали ќе се вратам пак.
Охрид, Охрид убав мил,
ти за мене рај си бил,
град на Климент, Самуил,
град на Климент, Самуил.
Од книгата „300 македонски народни песни“, од Драги поп Стефанија, Охрид 2001. (Подготви Марко Китевски)