На петтото издание од италијанскиот конкурс за поезија „Ил Парнасо“ пристигнати биле песни и поеми од Австралија, Бангладеш, Бразил, Канада, Кина, Германија, Грција, Индија, Македонија, Малта, Дагестан, Мароко, Намбија, Романија, Шпанија, Украина, САД, Венецуела.
Од тие земји свои песни пратиле 250 поети.
Гоце Марков со неговата поема „Македонска Сага“ ја претставува Македонија како една од најдобрите поеми на конкурсот.
Кочанчанецот Марков низ стиховите во поемата ја проткајува љубовта кон Македонија и болката од страдањата на Македонците.

 

Конкурсот трае до 30 ноември, а „Македонска сага“ е влезена во поетската трка кон победа.

МАКЕДОНСКА САГА
(La saga macedone)

Во далечното минато,
во некое незнајно поле,
портал и светло,
и ноќ што ги гали нежно,
сабјите на сознанието
и маченички од очитe
на таа Форма, краде крик,
се раѓа ново,
оплодено пророштво.
Се раѓа во крвта на судбината
избраздена, и доаѓа во пајажест свет,
на Полуостровот на сарказмот.
Брат му е мракот на комшиите,
а илузијата патоказ во отсјајот
на оружјето скриено.
Еј, измачена светлино!
Дај ни го венчето од божјиот крст,
од челото на
Првородениот.
Бараме да се откриеш во очите на слепите,
и гладни за љубов – Луѓе!
Живеат во вдахновение,
лаичко, но вредно, несвесни за историја,
пред длабока бездна.
Прочистена крв во пепелта на Феникс,
на инфериорна крвна слика, бледа, провидна, сиромашна по стасус.
Мртовец, со белило во очите,
силни викотници од мајката на спречена милост
и сон за раѓање на нов Човек!
Адам на новиот век!
Тропање!
Огнени порти
и силен удар по челикот.
Скршено постоење.
На вратот на певецот јаже,
спровнато без почеток и крај.
На рацете крв,
тече како расплакан облак во изгубена човечност.
Его на воин!
Опоен мирис на црни цветови,
и знак за ново будење!
Бараме завет и изгазена гордост,
плачат висините, се ори остар звук.
Низ нашите сиви зачмаени ќелии се лачи
енергија на друга личност,
обновена клетка на незнаен обид!
Тргни ја, за да бидеш во кругот,
на знајни и незнајни, болести и луге!
Се шири во бранови
како епидемија, како зараза,
како вонземна светлина,
човечка особина и ништо повеке.Разговор без смисла!
По улиците застарени идеи,
бели кошули и бели линии и исшмркана верба,
премин и минувачи несигурни, лакоми,
во главите на Новите, за чудо-Мисла!?