Македонскиот оперски пејач Игор Дурловски синоќа присуствуваше на 49-тата „Гоцева – комитска вечер“ во Торонто, каде што, покрај поздравниот говор како почесен гостин од Македонија, ја изведе и македонската химна:
„Гоцева вечер“, организирана од „Обединети Македонци“ од Канада, се одржа во македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во чест на роденденот (4 февруари 1872 година) на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.