Македонската кантер страјк екипа освои прво место на Европскиот куп на нациите.
Тимот на Македонија составен од Јане Апостолоски, Дамјан Стоилковски, Даниел Глигоров, Павле Стојановски, Кристијан Трпкоски вчеравечер се покажа како посилен против репрезентацијата на Романија.
Во првиот сет Македонците победија убедливо со 16:9. Во вториот сет Романците доминираа и водеа од самиот почетокот но, по пресвртот во последните рунди, вториот решавачки сет заврши 16:12 во корист на Македонија.
Претходно во полуфиналето Македонија ја совлада Хрватска со 2:1 во сетови, а Романија ја победи Португалија со 2:0.
-Желбата за победа, мотивацијата, тимската игра и фокусот на македонската кантер репрезентација се резултат за ова одлично одиграно европско првенство. Би сакале да им честитаме на нашите момци за успехот и да им посакаме повеќе среќа на претстојното Светско Првенство каде што се надеваме дека ќе не израдуваат повторно, велат од Македонската еспорт федерација по победата.
Ова е вторпат Македонија да освои шампионско место во кантер страјк во евопските натпреварувања.