Македонската женска фудбалска репрезентација во периодот од 4. до 8. февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој официјално ќе ги почне подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Избраничките на селекторот Александар Андов ќе ги стартуваат мундијалските квалификации на 3. март со дуелот против Азербејџан на гостински терен, а четири денови подоцна во Битола ќе гостува, Андора.
Во вториот циклус, на 14. април, македонската репрезентација ќе ја пречека Унгарија, а на 18. април следува второто соочување со истиот противник на гостински терен.
Квалификациите завршуваат во јуни со уште два натпревари, на 5. јуни на гостински терен против Андора, а на 9. јуни на домашен терен против Азербејџан.
Селекторот Андов за подготовките во Дојран повика 24 фудбалерки:
ГОЛМАНКИ: Ведрана Комненова (ЖФК Љуботен), Викторија Панчурова (ЖФК Тиверија).
ОДБРАНА: Васка Василева (ЖФК Каменица Саса), Ане Бошевска (ЖФК Тиверија Брера), Павлинка Николовска (ЖФК Тиверија Брера), Мила Панева (ЖФК Скопје), Сара Коларовска (ЖФК Скопје), Слаѓана Ѓорѓиева (ЖФК Тиверија Брера), Катерина Петкова (ЖФК Истатов), Христина Јошевска (ЖФК Скопје), Кристина Крстева (ЖФК Скопје).
СРЕДЕН РЕД: Терона Голабовска (ЖФК Тиверија Брера), Данче Карпузовска (ЖФК Тиверија Брера), Хава Мустафа (ЖФК Љуботен), Александра Марковска (ЖФЛ Љуботен), Ева Величковска (ЖФК Љуботен), Сара Ефтинџиоска (ЖФК Скопје), Настасија Накова (ЖФК Љуботен), Рабија Дервиши (ЖФК Скопје).
НАПАД: Јована Павловска (ЖФК Ас Јунајтед), Меланија Грозданова (ЖФК Љуботен), Илза Максути (ЖФК Љуботен), Андреа Коловска (ЖФК Истатов), Калина Попевски (ЖФК Црвена Звезда). ег
ФОТО: ФФМ




