Кукавицата је пролетно пиле. Таја пролети идет коде нас, откако ќе се разубавит времето. Нејзиното пејење „ку-ку! ку-ку!“, дека је жалосно (јадно, печаљно), нашите жени мијачки го имајет за лошо, кобно.
Зате во најпрвото чујување неќат да го чујат немијени и на гладно срце, да не ’и разбијет. Разбивањето т.е. чујување пилето на гладно срце жените го имајет за лошо претскажување (пилево кобење) на нечија смрт, која имат да бидит таја година, нему, шчо го разбило или на некој негов сфој, за кого имат да жалит, да плачит и да кукат како кукавица.
И по таја прилика таја жена шчо го чула не на гладно срце, се ослободуваат од тој страф од разбивањето. И таја шчо ја разбило пилето, верувајќи по старо-бабинско предавање од разбивањето пилево, остануват брижна, невесела. По таја причина, пролети, откако ќа заработи пилето, ката утро дур да го чијет, станувајеќи рано од постеља, најпревин се измивајет (со вода), а потеја, коснувајет по една трошка лебец, да не ’и разбијет пилето.
Тије, жените од страф, да не ја наљутат кукавицата и да не ’и проклнет, не ја викает кукавица, току пиле; и нејзиното кукање не го викает кукање, токо работење: „Аљ работеше пилето:
„Работеше, дури по гората се разлеваше.“ „Аљ го чуфте?“ „Го чуфме.“ „За многу години“ (да го слушаме).
Оваќе се прашајет и одговарајет помеѓу себе тије шчо одит рашеток да го слушајет пилето, и тије шчо се враќајет од рашеток. Попраќање СолунциОткако ќа ’и испратит офците и офчарите на туѓина или на зимовиште (кон Солун), ќејајите ќе поседит дома уште до еден месец време заједно со коњите и коњарите своји.
Во теја време ќа си носит жито (от пазари) и дрва (от орман, гора) за дома, да им втасајет за с зима до пролет, дур си дојет. Кога ќа приближит времето за одење на туѓина (во октомври) ќа фатит да се прашајет меѓу себе: „Кога ќа си одиме?“
И откако ќа одредит некој дењ, да го знојет сите, шчо сакајет да си кинисувајет во тој дењ, ќа се уготвит за кинис сите родниње, ќа се видувајет и ќа се испростит помеѓу себе. Во тој дењ, шчо ќа си кинисувајет, ушче дур се дома, секој роднина ќа си појет на гости у својата роднина да се видит и да го испратит (ако си не одит тога, а ако си одит, пак на планина ќа се извидит, а не дома) ќа си поручајет дома ушче рано, пак после ќа си кинисувајет.
На ручек ќа дојет на гости некој близен роднина шчо си не одит тога, да се видит со тије, шчо ќа си одат и ќа се испростит. Откако ќа поручајет, ќа си товарит коњите со партаљот (т.е. облекло шчо си го носит за на зима, леб кој је уготвен за потем, зато се викат потнина) и ќа кинисувајет.
Кога ќа кинисувајет од дома по обичајот секој човек или дете требет да истурет на земи со ногата едно букаре (стомниче), па ќа си кинисувајет от куќата, за секого по едно стомниче вода, да уготвит пред вратата од куќата надвор, која је црпена млчејќи.
Од записите на Панајот Ѓиноски (Подготви Марко Китевски)