И в Кукуш на добар ден се береет младите на секакви места и играет оро; а на Велигден сите се собервет на едно место и играет.
Кога некоја свршена видит некого од зетовската роднина, или зетот со пријатели, се пушчат од орото со една друшка, која водит неа и која прва целуват р’ка с’де на сродникот; а свршената нему и на сите негови другари што ќе бидет со него. Но ако се згодит тамо армасникот (свршеникот) , оваја на сите целуват р’ка, а к’м него не потходит. На такви народни опшчи ора неженатите си се избирает; и по татковското согласје стројниците приготват армасот, кој се чинит вака.
В некој празник се берет сродниците у момчето, кое целуват р’ка на татка му или, ако немат татко, на вујка или стрика, кому вр’чвит знаковите: една хубава шамиа и некој флорин; еднакво целуват р’ка и на другите стројници. После ходат у девојката, к’де им ставјет софра. По неколку време излегвит момата со некоја друшка. Тога се менват знаковите од двете ст’рни. По това друшката целуват р’ка на сите со ред, а после момата, која секому на рамо префрљат везена риза, на женатите везана на разбој, а на неженатите везана со нејѕина р’ка. Стројниците, имаешчем на рамо ризите, се врашчает у момчето, к’де се гошчавает. Тој се вика мал армас (свршување).
Другиот ден се собирает у момчето, околу триесет дечина, од четири до десет години, кои стара жена водит у невестата. Од децата едно носит овошки (олошки) во шамиа; а друго во лепо везана риза носит овошки од три, пет или седум вида (сорта); една китка наредена со стари пари пет, или седум, или девет, од кои три шари се поголеми. (Момата не јадит од овошките шчо се во шамијата, а тие шчо се во белата везана риза, која чуват момата за да се клањат (гувеит) со неа.) Момата ги пречеквит и на сите целуват р’ка и најпосле на тие шчо носат овошките. На децата донесват прво благо нешто, а после друго јастје.
Наодзади излегвит девојката, им целиват р’ка и им дават по китка и риза; и на едно од тие дават гореречената шамиа со овошки, една лепо везана риза и една зелена китка за момчето. Овој обичај неколку п’ти во годината се повторвит, особено кога излегват нови овошки; но други п’т количеството од децата је многу помало.
Зелена китка: После неколку месеци канет у зетот жени и моми од роднината му, кои ходат у момата, имеешчем со себеси с’д со овошки, над кој сет около пет зелени китки, од кои поголемата, која имат ж’лтица врзана со коприна, је за момата; ушче за момата носет чораби, чевли, неколку ока предено, лен и неколку драмој коприна разноцветна; од овие момата требит пред свадбата да имат зготвени кошули за дарување. Девојката ги пречеквит, им целуват р’ка и сама земат вешчите. Им ставјет софра да јадет. Пак момата излегвит, им целуват р’ка и ги служит по чаша вино; тога пејет три песни. После излегвит сестра је и дават по една мала зелена китка. По неа момата даруват по риза на золвите и свекрва је, на која врачвит горереченијот с’д полн со нејѕини овошки, неколку зелени китки, меѓу кои за момчето поголема, а со ж’лтица помала од таја шчо прати момчето, и везана риза за него; и по риза за свекорот, девери, вујковци и стриковци. Други п’т сама свекрва је ходит у момата и је земат мера за колан со пафти, за колби (белезии) и за четири прстени.
Голем армас: Две недели пред свадбата, в с’бота спроти недеља, момчето со роднините и пријателите ходит у армасницата, имаешчем со себеси потребното јастје и питје. Мајка му во тепсиа носит благо сукано; а снахите коланот (појас) со павти, колбите, четири прстени, шамија за р’це, друга за глава, туљбен, фес, огледало, гребен и ж’лтици; а момчето шамиа со овошки.
Стигвеешчем у момата, м’жите седвет на една ст’рна, а жените на другата стоет простум. Излегвит момата со една друшка и целуват р’ка на м’жите, а на момчето не, после целуват жените, од кои земат речените вешчи и ги предават на друшката си; најпосле целуват р’ка на момчето и преземат шамијата со овошките. Ставјет софра, на која донесват јастјето и питјето од момчето, кое, целуваешчем р’ка, на сите служит по ракиа. Постариот на четири скршвит на савче винено крстообразната погача, која имат настреде врзано цело (стара пара); стредата со целото се прашчат кај момата.
По неколку време момчето служит на сите по вино, целуваешчем р’ка. По тоа донесват момини јастја и вино, и момата тога целуват на сите р’ка и ги служит по едно вино. Таја вечер не се спиет. На разденвањето пиет ракиа од момчето. Наодзади момата им леит (туриват) вода да се измијат и најпосле на момчето, и на сите префрљат на рамена по една риза, сите ја дарвет по ж’лтица. Това се викат голем армас.
(Од зборникот на браќата Миладиновци)
Благослови
Арно и добро да имаш!
Аир да имаш.
Аирлива работа мајстори! – Аир д’имаш, сполај ти!
Ај Госпо со м’штина. (Се вели кога се честита невеста (жена) бремена , која се чека да се породи).
Ај, на Ристос со здравје, в година порадовни! (Честитики меѓу луѓето на празниците Велигден, Божиќ, Водици…)
Алаф да ти је.
Алаф да му је млекото маќино! (Мајкино)
Бог да го прости.
Бериќет да с’имаш.
Во мира нека си ој.
Господи поможи, Госпо да на напрежи!
Да му го видиш аиро!
Да си го ќердосаш (името, фустанот…)
Да си го носиш со здравје!
Да са ќердосате и да си веквате. (Векуваш)
Да ми векваш и да ми царваш!
Да ви е живо и векоично да ви е!
Да ти е живо и здраво!
Да си ја ќеросате куќата, полна и рамна да ви је.
Да ти са ќердоса ќерка ти! – Сполај ти, па на твоја глава!
Да ти са ќердоса ќерка ти (внуката)! – Сполајти, па на малите и на внучина да са радваш!
Добре ми дојдоте пријатели, да ни са ќердоса радоста! Секому, дома му така!
Да си го ќердоса името!
Да остаре и да обеле.
Дено на помош да ни е.
Да си а пиете со здравје и со пријатели.
Да си го земиш најдоброто момче, то што си го сакаш!
Да си трошиш со здравје парите.
Да дели Госпо за сите, посетнина (после) и за мојте.
Добре те најдоме домаќине, за радос, така да се бериме!
Да си ја имаш ерлиси р’ката!
Да си ја имаш ерлиси ногата.
Да си го пиете со здравје виното!
Здравје и помин да си имате.
Кош’ срцето да го имаш, така Госпо да ми ти дај!
Колку косми на главата, толку арно и добро да ми имаш!
Мир да му миросе косќите.
Нека му е лесна земјата.
На помош дено!
Од твојата уста во Божји уши!
Од мене помалу, од Госпо појќе.
Од нас помалу, од Госпо појќе.
Полна и рамна Господи! Госпо да те дочува!
Ристос да та брани и да та чува!
Со век да ти е!
Со здравје и да ти е аирлија.
Со аир сеидбата! Со бериќет и здравје!
Со здравје новијо леб!
Со здравје да си ’а пијете и за радос!
Со здравје да си учиш, со успех и со десетќи!
Од книгата „Поезија и проза од мојот крај“ (Долна Преспа, Р. Албанија), од Крисанта Јанкула, Скопје 2009. (Подготви Марко Китевски)