Македонската скијачка Јана Атанасовска, круниса уште еден историски викенд на ФИС трките во Рогла, Словенија.

На првиот велеслалом, Атанасовска покажа врвна форма и го освои високото четврто место. Посебно блесна во второто возење, каде постигна второ најдобро време на целата патека, со само 0,09 секунди заостанок зад светски познатата Ноа Шолош.

Со овој настап, таа освои неверојатни 33,20 ФИС точки, што претставува нов македонски рекорд во дисциплина велеслалом.

Успешната серија продолжи и на втората трка, каде во силна конкуренција Јана се пласира на седмата позиција со освоени 39,99 FIS точки.