Кукни кукувице

Ајде, мори, кукни, кукни,
Сиво пиле, кукувице, мори,
Кукни да не кукнеш!

Ајде море, ја да дојдам
Сиво пиле, кукувице,
Мори, таја рана пролет.

Ајде, мори, да си зберам,
Сиво пиле, кукуцице
Мори, се отбор јунаци.

Ајде море да си слегнам,
Сиво пиле, кукувице,
Мори, у Солунско поле.

Ајде мори, кукни, кукни,
Сиво пиле, кукувице,
Мори гроба да ми закукаш.
Љубима песна на Гоце Делчев пеана од него.

До три ми пушки пукнале

До три ми пушки пукнале,
До три јунаци паднале.

До три јунаци паднале,
До три ми мајки плакале,
Стојанова мајка највеќе:

-Стани ми, сине, Стојане,
Да видиш Тинка вдоица
Со седум-осум сираци,

Девети сирак мајка ти,
Десети сирак жена ти!

Стојан од земја провикна:
„Не можам, мајко, да станам,
Мермерна плоча на гради,

Црна ми земја под мене,
Змија ми очи испила,
Трло ми земја изгнила.

Продај ми мајко чифликот,
Да ми облечиш децата,

Продај ми мајко кончето,
Да ми израниш децета.

Битката на Мечкин Камен

Ој ти пиле, славеј пиле,
Попеј ми си песенчица,
Да се чуе на далеку,
На далеку преку Вардар.

Да се чуе преку Вардар,
Преку Вардар до Велешко,
От Велешко до Прилепско,
От Прилепско до Крушово.

До Крушово во Корија,
Зад Корија – Мечкин Камен.
Там се бие голем јунак,
Голем јунак – Пито Гули.

Ој ви вази крушовчани,
Што сте така нажалени,
Со куќите изгорерни,
Со топови изорани.

Ој ви вази Македонци,
Не плачете не жалете,
Не се градит слободата,
Без крвави жертви народни.

Црвено знаме ветрее

Црвено знаме ветрее Македонијо,
Јордан Пиперков сардисан
Во тоа село Брезово, Брезово!

Дофтаса силна потера, Македонијо,
До двеста-триста помаци,
петстотин души аскери.

Сам валијата битолски, Македонијо,
Потргнал силни тоипови,
Сетиле куриерите.

На часот абер сториле, Македонијо,
Јордану абер сториле,
Извикал Јордан војвода:

„Дружина верна сговорна, Македонијо,
Земете пушки на рамо,
Фрлајте бомби, динамит!“

Ми отстапија аскери, Макединијо,
Јордан Пиперков се спаси,
И неговата дружина.

Сам валијата говори, Макединијо:
„Аферим Јордан Пиперков,
Алал да ти е јунакство!“

На свет Илија

Пиринско пиле, високо фрка,
Високо фрка, слободно пее.

На свет Илија крв се пролива,
Крв се пролива в Пирин Планина.

Три дена стана откак се бијат-
Триста са души аскер паднали.

Ни леп се јали, ни с’н са спали,
Трева са пасли, Та са живјали.

Од книгата „Илинден“ 1903-1953, записал и хармонизирал Јосиф Чешмеџиев, Софија 1953. (Подготви Марко Китевски)