Македонската судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжува да добива доверба од Европската ракометна федерација.

Тие се делегирани да ја делат правдата на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Загреб и Цеље. Ова е уште едно признание за нивниот квалитет и континуитет на највисокото европско ниво.

Новото делегирање уште еднаш потврдува дека македонската судиска двојка ужива сериозна доверба кај ЕХФ