Ги повикувам сите колеги астронаути, утре во 17 часот да се чекаме пред вселенската станица Ќустендил, за да го одработиме првиот тренинг, објави на Инстаграм македонскиот шоумен Игор Џамбазов.
Овој мајтап е реплика на вчерашната изјава на бугарскиот шоумен и лидер на партијата ИТН, Слави Трифонов, кој изјави дека еден од приоритетите на новата бугарска влада ќе биде испраќање маж и жена бугарски астронаути, како и еден од Македонија во НАСА.
На изјавата на Трифонов денеска со мајтап одговори и поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов, кој изјави дека „Бугарин и с. Македонец во вселенета – така почнува Војна на ѕвездите“.
Трифонов вчера по првичните резултати од вонредните парламентарни избори во Бугарија изјави: „Една од главните точки во програмата на владата на „Има таков народ“ е испраќање на најмалку двајца бугарски астронаути во НАСА. Тие мора да бидат маж и жена. А идната бугарска влада ќе се обиде да приклучи и астронаут од С. Македонија“.