Во организација на „Македонскиот културен форум“ од Пула во Хрватска што го води Алдо Климан и годинава ќе се организира тркалезна маса од 20 октомври. Таа овој пат ќе биде посветена на „Македонскиот идентитет во европскиот историски мозаик“, а учесници ќе бидат видни дејци од Македонија, како Кочо Топузовски, д-р Ицо Најдовски Перин, д-р Елка Јачева Улчар и други.
Тркалезната маса се одржува со финансиска помош на Советот за национални малцинства при Владата на РХ, Истарската жупанија, Управниот отсек на италијанската заедница за други етнички групи, град Пула и Управниот отсек за култура.