Јордан ПЕТРОВСКИ
„Литар бензин во Онтарио денеска се движи од 1.94 па до 2.01 долари за литар. Цената зависи од пумпа до пумпа. Во Македонија денеска бензинот оној поевтиниот е 107 денари или тоа е 2.32 долари!
Да напоменам дека во Канада на бензинот се плаќа и специјална давачка наречена карбон такса и таа изнесува 11 центи по литар.
Како е можно вие во Македонија да плаќате 32 центи поскапо гориво од нас а ако би плаќале вие и карбон такса би плаќале 43 центи поскапо гориво од нас овдека.
Во Онтарио кое брои близу 14 милиони жители има само околу 60 илјади администрација!“
Ова е комнетарот на Македонецот Јордан Петровски по објавата на новите цени на бензините кај нас. Тој од деведесетите години на минатиот век, како политички емигрант живее во Канада. За да нема забуна, цените со кои споредува се во канадски, а не во американски долари.