Три национални рекорди соборија македонските атлетичари на Европското екипно првенство што изминатиот викенд се одржа во Лимасол.
На завршниот ден од Европскиот куп, Дарио Ивановски постави нов државен рекорд во дисциплината 3.000 метри, истрчувајќи ја патеката во време од 8:06.66. Македонскиот атлетичар мина трет низ целта, зад Џордан Гусман од Малта (7:53:70) и Србинот Елзан Бибиќ (7:55:51).
Државниот рекорд во дисциплината 5.000 метри го собори и Адријана Поп Арсова, истрчувајќи ја патеката за 17:42:08 минути.
Претходно на Европското екипно првенство во Лимасол нов македонски рекорд на 400 метри со пречки постави и Дрита Ислами со време од 57:53 секунди.