Македонската женска јуниорска одбојкарска репрезентација загуби на последниот натпревар против Црна Гора и како последнопласирана го заврши настапот на Балканското првенство во Србија.
Македонските одбојкарки во дуелот со Црна Гора одиграа само еден рамноправен сет (25:13, 25;12, 26:24), што не беше доволно да избегнат уште еден максимален пораз на Балканијадата во Белград.
Претходно, македонската репрезентација освои бод само во дуелот со Албанија, а претрпе максимални порази од Србија и со Турција.