Македонската ракометна репрезентација вечерва претрпи пораз на Светското првенство за играчи до 19 години кое се одржува во Скопје. Подобри од „црвено-жолтите“ беа репрезентативците на Данска со 29:26.
Данците во почетните пет минути на второто полувреме стигнаа до највисоки шест голови разлика што се покажа како недостижна предност за избраниците на селекторот Данило Брестовац.
Ова беше дуел од претпоследното, 4. коло во групата Ц.
Македонија со половичен биланс од две победи и два пораза се наоѓа на третото место со ист ефект како четвртопласиранатаа Аргентина.
Во последното коло од групната фаза македонските кадети ќе се сретнат со Јапонија. Без оглед на резултатот Македонија избори осминафинале.