По неколкудневните тренинзи во главниот град, македонската селекција ќе отпатува за Загреб, каде ќе ги продолжи подготовките и ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Хрватска.

Контролниот дуел Македонија – Хрватска е закажан за 28 декември со почеток од 20:30 часот и ќе послужи како важна проверка на формата пред завршниот дел од подготовките.

По Нова година, репрезентацијата кратко ќе тренира во Скопје, а откако ќе бидат дефинирани патниците за Хернинг, експедиција ќе замине во швајцарскиот град Винтертур.

Таму Македонија ќе настапи на турнир од 8 до 10 јануари, на кој ќе одигра натпревари против селекциите на Швајцарија, Бахреин и Украина, по што ракометарите ќе отпатуваат во Данска.