Македонската женска ракометна репрезентација со максимални три победи ги заврши настапите на квалификацискиот турнир во Скопје. Вечерва совладана е Грција со 20:19. До триумфот избраничките на селекторот Симе Симовски дојдоа потешко од очекувањата. На полувремето гостите имаа предност од 13:10.
Најефикасна во таборот на „црвено-жолтите“ беше Сара Ристовска со 10 погодоци, а меѓу најзаслужните за позитивниот резултат е и голманката Мицевска со девет одбрани од кои и последниот шут на противничките во самиот финиш од мечот.
Со шест бода Македонките се пласираа во баражот за Светското првенство во Шпанија 2021.
Вториот патник во плејофот од квалификациите во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде познат по вечерашниот дуел Исланд – Литванија.