Тимовите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗР) кои се упатија да помогнат во справувањето со последиците од катастрофалните земјотреси што го погодија југоистокот на Турција во понеделникот, спасиле преживеана жена.
Од ДЗР објавија и видео од дел од спасувачката акција и наведоа дека станува збор за извлекување на 38-годишна жена.
Вчера и македонскиот армиски тим кој се наоѓа во Турција учествуваше во извлекувањето на петгодишно дете од под урнатините во градот Кахманмараш.
фото и видео ДЗР фејсбук
;