Македонските трговци се неверојатно креативни кога станува збор за попустите на производи.

„Нова досега невидена идеја на македонските трговци. На рафтовите во еден супермаркет се појави продукт кој е на акција со неверојатни 0 (нула) отсто попуст“, објави ТВ Канал 5.

На фотографијата до која дошле од ТВ Канал 5 се гледа дека цената на продуктот, која е означена како промотивна, е всушност иста како претходната, а новината е само тоа што таа е пречкртана. И означена со попуст од неверојатни 0 отсо.

Што друго да се коментира на ова освен „ај пуст да е, пуст да би останал попустот“!

Извор: ТВ Канал 5