Државниот инспекторат за животна средина врши постојано  редовни и вонредни контроли на фирмите, а за конкретниот случај со транспротирање необработен медицински отпад до „Дрисла“ испратила извештај до обвринителството, на барање на оваа институција.

Ова го соопшти заменик министерот за животна средина Јани Макрадули денеска во одговор на новинарско прашање при посетата на градинката „Панорама-Водно“.

– Обвинителството кажува дека процесот е во услови на предистражна постапка. Сакам да уверувам дека уште на 17 декември 2019 година Државниот инспекторат за животна средина ги доставил извештаите и сите записници во текот на целата година што се правени надзорите кон обвинителството и МВР, рече Макрадули.

Посочи дека Државниот инспекторат за животна средина многу совесно и ревносно си ја врши функцијата и дека во овој период работат на проверувањето на сите дозволи што се издадени.

Тој рече дека процесот за овој настан уште е во постапка, но доколку се најде нешто во таа компанија, тогаш никој нема да биде поштеден и ќе има санкции и мерки што се во согласност со законите во нашата држава.

На новинарско прашање околу тоа дека секоја година има разлики во пријавените бројки на согорен медицински отпад во Дрисла, Макрадули изјави дека кај нив се доставуваат извешати за отпадоците што ги собираат, но и дека има компании што имаат лиценци и за собирање на комунален и медицински отпад.

– За тие отпадоци јавноста е известена. Согорувањето на медицински отпад е обврска на компанијата Дрисла, но и да ги информира. Тие, исто така транспарентно се објавуваат. Нема шанси тоа да се скрие.  Некогаш се случува од мешањето на делот што не е дозволено, за тоа се прават и анализи и споредби и ќе затоа сакаме да ја провериме дозволата кај сите компании што имаат таква дозвола за собирање и носење на медидиционскиот отпад, бидејќи дрисла е единственото место каде што може да се однесат. После анализите тоа ќе го објавиме, рече Макрадули.