Францускиот претседател Емануел Макрон потврди синоќа дека четири француски компании ќе бидат вклучени во производството на вакцини во следните недели. Во изјава за ТФ1 тој нагласи дека кампањата за имунизација е со забавено темпо поради производството на вакцините.
– Она што денес не ограничува е пристапот до дози, изјави Макрон додавајќи дека некои од тие дози „требало да бидат доставени на одреден датум“, но „од нашите добавувачи беа одложени“.
– Нашето ограничување не е интелектуалната сопственост на вакцините, туку можност да ги произведуваме во големи количини. Треба да размислиме и за земјите во развој, изјави Макрон и според него, важно е да се организира производство на тие нови вакцини и да се дозволи глобално производство за најсиромашните земји.
Компанијата Делфарм има намера да ја произведе вакцината на Фајзер/БиоНТехfizer / BioNTech за „неколку десетици милиони дози“.
„Ресифарм“ веќе планира да продолжи со полнење и пакување на дози на вакцини на „Модерна“, иако се уште не е познато колку.
Компанијата „Фарева“ ќе биде вклучена во производството на вакцината што се уште не е одобрена од германскиот CureVac на нејзините два објекта.
„Санофи“ минатата недела ја објави својата намера да го произведува производот на Фајзер/БиоНТех поради доцнење во производството на сопствената вакцина.