Макрон го повика Иран веднаш да престане да ја поддржува Русија во војната во Украина

/ 10.06.2023

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повика својот ирански колега Ебрахим Раиси веднаш да престане да ја поддржува Русија во војната во Украина со испорака на беспилотни летала, соопшти Елисејската палата.

Во телефонскиот разговор со Раиси, Макрон предупреди на сериозни последици, безбедносни и хуманитарни, кои би можеле да ги предизвикаат иранските испораки на беспилотни летала за Русија.

Францускиот претседател го повика Техеран „веднаш да ја прекине поддршката што ја дава за руската агресивна војна против Украина“.

Белата куќа во петокот соопшти дека Русија „добива материјали од Иран за да изгради фабрика за беспилотни летала“ на нејзина територија и дека локацијата „би можела целосно да биде оперативна на почетокот на следната година“.

САД проценуваат дека Русија добила „стотици“ ирански нападни беспилотни летала до мај и ја обвинуваат дека неодамна ги користела за „напад на Киев и тероризирање на украинското население“, соопшти Белата куќа.


Од истата категорија