Францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи британскиот поп-музичар Елтон Џон (72) за витез на Легијата на честа, во знак на признание на неговата музичка кариера и борбата против ХИВ и СИДА.
Францускиот претседател на свеченоста во Елисејската палата, синоќа му го врачи признанието на Елтон Џон, и тоа на денот на музиката, кој во Франција се слави како „Фете де ла мусикуе”.
-Јас сум во голема љубов со Франција. Овде имам куќа, рече 72-годишниот Британец.
Легија на честа му е прво такво високо признание од 1998 година, кога кралицата Елизабета го прогласи за витез и му ја додели титулата Сер.
Британскиот пејач е во сред светска турнеја, а сега одржува концерти во Франција. Макрон се сретна со поп легендата и ја искористи можноста да се заземе за борбата против опасните болести како што се СИДА-та, туберкулозата и маларијата. Од овие болести ширум светот умираат , 2,7 милиони луѓе.