Францускиот претседател Емануел Макрон денеска му се извини на албанскиот премиер Еди Рама за инцидентот кога вчера во Париз пред фудбалскиот натпревар за Европските првенства меѓу Франција и Албанија по грешка била интонирана химната на Андора наместо на Албанија.
Рама соопшти дека Макрон му испратил порака во која изразил искрено жалење за „скандалозниот гаф на Француската фудбалска федерација“.
Рама рекол дека Макрон го сметал гафот за „неприфатлива грешка“ и ја пофалил воздржаната реакција на албанските фудбалери.
Фудбалерите на Албанија доживеаа во саботата непријатност кога им беше пуштена погрешна химна пред почетокот на мечот со Франција во квалификациите за Европското првенство на „Стадионот на Франција“ во Париз.
Фудбалерите изледаа збунето кога сфатија дека им пуштаат погрешна химна, и тоа на Андора, додека на снимките од камерите покажаа како налутените албански навивачи прават навредливи гестови во знак на протест за грешката.