Мнозинството Французи (61 отсто) сметаат дека Емануел Макрон не бил „на висина на задачата“ од почетокот на кризата со коронавирусут, а 55 отсто дека тој не „донел правилни одлуки“ за здравствениот план, јави дописникот на МИА.
Од друга страна, 52 отсто сметаат дека тој донел „правилни одлуки на економско и социјално ниво“, прецизира студијата на Елабе за БФМТВ. Исто така 65 отсто од Французите сметаат дека Емануел Макрон, владата и здравствените власти не ги „научија лекциите од првиот бран“ на епидемијата.
Покрај тоа, Емануел Макрон предизвикува „загриженост“ кај 59 отсто од Французите (+5 поени). Тие исто така, дури 65 отсто од испитаните го сметаат за „арогантен“ (+3 поени), 63 отсто „авторитарен“ (+1 поен) и „динамичен“ (+2 поени) и 51 отсто „смел“ (+1 поен).
Три четвртини од Французите (75 отсто) веруваат дека Шефот на државата имал право да каже „она што мора да го решиме е исламистички сепаратизам“. Четири десетини од Французите (41 отсто) велат дека го разбираат терминот „сепаратизам“, 37 отсто сметаат дека знаат што е тоа „но не се сигурни“, а 22 отсто не го разбираат терминот. Тие претежно ги одобруваат и сметаат дека се ефективни мерките презентирани од Емануел Макрон, освен оние што имаат за цел развој на наставата по арапски јазик: 61 отсто од Французите се противат на развојот на наставата по арапски јазик во училиштата