Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не исклучува посета на Русија, но дека мора да се создадат услови за тоа.
– За да одиме во Русија мора да се создадат предуслови, но не исклучувам ништо, изјави Макрон во интервју за телевизијата TФ1, одговарајќи на прашањето дали планира да ја посети Москва.
Францускиот лидер вчера изјави дека се уште не планира телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, но и дека не исклучува таква можност во иднина.