Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека нема намера да поднесе оставка без оглед на резултатите од претстојните парламентарни избори.
Потсетуваме, Макрон во неделата вечерта ги распушти владата и парламентот, закажувајќи предвремени избори во Франција за 30 јуни, откако неговата партија претрпе пораз на изборите за Европскиот парламент.
Партијата Преродба на Макрон освои нешто помалку од 15 отсто од гласовите, додека Националното собрание на Марин Ле Пен освои нешто повеќе од 30 отсто од гласовите.
🇫🇷 #France | Macron rules out resigning ‘whatever the result’ of French election – Politicohttps://t.co/b04gHboVXK
— Christophe Barraud🛢🐳 (@C_Barraud) June 11, 2024
„Националното собрание не го пишува Уставот. Институциите се јасни, како и функцијата на претседателот без разлика на резултатот“, рече Макрон во изјава за Фигаро.
Макрон е 25-тиот претседател на Франција. Неговиот втор мандат започна по неговата инаугурација на 14 мај 2022 година.
„На Франција ѝ треба јасно мнозинство за да дејствува мирно и хармонично“, рече Макрон во обраќањето до нацијата во неделата вечер од Елисејската палата.
Изборите во Франција ќе се одржат во два круга – првиот на 30 јуни, а вториот на 7 јули.
Распишувањето избори е многу ризичен политички маневар, на помалку од два месеци пред Олимписките игри што ќе се одржат во Париз. Ројтерс објави дека тој би можел да биде во ќорсокак ако десницата и Националното собрание добијат мнозинство.